Општи Услови на Користење

Област на употреба / важност


Кај www.sanimpex.com.mk се работи за една интернет понуда на Санимпекс д.о.о., 1000 Скопје (во понатамошен текст: “Санимпекс”). Следниве Општи Услови на Користење важат за пристап и користење на изготвените содржини на оваа веб-страна. Со пристап на оваа веб-страна, корисникот се изјаснува за согласен со овие Општи Услови на Користење. Санимпекс е овластен во секое време, без претходна најава да ја промени содржината на овие Општи Услови на Користење. Со континуирана употреба на www.sanimpex.com.mk , корисникот се изјаснува за согласен со извршените промените.
 
Користење на Содржини

Наведените содржини на оваа веб-страна се за секого слободно достапни и смеат да се користат исклучиво само за приватни цели. Санимпекс го задржува правото во секое време да ги заврши, продолжи или ограничи содржините на www.sanimpex.com.mk.
 
Гарантирање

1. Користење на ова веб-страна уследува на сопствена определба. Санимпекс не превзема никаква гаранција, дека оваа веб-страна како и нејзините содржини ќе стојат секогаш на располагање. Санимпекс особено не превзема гаранција за соодветност на содржините за одредена намена, нивна точност и потполност, како и отсуството на вируси и безгрешен пренос.

2. За останатите понудени содржини и услуги, кои се поврзани со одреден достапен линк, а не се спаѓаат на компанијата и се од трети лица, Санимпекс не превзема никаква одговорност. Во таа смисла, Санимпекс само го пренесува степенот на пристап. Така, доколку еден корисник заклучи деловна соработка со некое трето лице, на пр. за набавка на стоки или давање на услуги, Санимпекс не е инволвиран во овие дејности. Од овие дејности, према Санимпекс не произлегуваат ниту права ниту обврски.

3. Санимпекс укажува, дека не превзема никаква гаранција и одговорност за содржини кои не потекнуваат од Санимпекс, а се однесуваат на содржини на MicroSites, банери и други останати пропагандни простори со интелектуална сопственост.
 
Права на содржини

Целокупните права (на пр. Copyrights, права на потекло или трговска марка) во врска со објавените содржини на оваа веб-страна преостануваат кај Санимпекс. Строго се забранува, да се користат информации или трговски марки од оваа веб-страна, да се размножуваатили репродуцираат, да се дистрибуираат, да се преработуваат, да се прошируваат, јавно да се објавуваат или да се симнуваат, освен ако експлицитно е дозволено во Општите Услови на Користење.
 
Заштита на податоци

Санимпекс е обврзан сите лични податоци да ги третира во согласност со прописите за заштита на податоци. Санимпекс е овластен, личните податоци на корисникот во врска со неговото вработување или контактирање на компанијата, да ги чува, преработува и да ги употребува за статистички цели. Трансфер и пренос на трети лица се забранува.
 
Завршни одредби

Важи исклучиво правото на Република Македонија. Исклучива надлежност на сите барања во врска со овие одредби е Скопје.

Ако некоја одредба од овие Општи Услови на Користење се или станат невалидни, во секаков друг случај ефективноста и важноста на овие услови и правила на користење нема да бидат засегнати. На местото на неефикасна или неважечка одредба, за релевантна и важечка ќе се смета најблиската одредба во смисла и цел со неважечката одредба. Истото важи и се однесува при непотполност на Условите на Користење.
 
Copyright © 2010 Sanimpex d.o.o.
 
Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани