Станете познавач на масла
Масла за хидраулични состави
Масла за компресори
Масла за подмачкување на автоматски менувачи (ATF)
Масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила
Масти
Основи на мазива и нивна употреба
Течности за хидраулични системи за сопирање
Течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија
Универзални масла за трактори
Лубриканти АБВ
Мазива, масла и течности за моторни возила

Масла за компресори

 
  • Масло за воздушни компресори
  • Масла за компресори за разладување
  • Масла за индустриски забчаници - редукторски масла
  • Масла за клизни стази

    Масло за воздушни компресори

  • Маслото во воздушните компресори е изложено на висока температура и интензивен контакт со воздухот, каде доаѓа до зголемена оксидација на мазивото и појава на талог од јаглерод на внатрешните делови од компресорот, кои се склони на самозапалување.
    Тоа е основна причина зошто маслата за подмачкување на воздушни компресори мораат да имаат соодветна структура, вискозитет, точка на палење и висока отпорност на оксидација. Освен тоа, битно е да се води сметка за количината на маслото за подмачкување на компресорот. Ако количината е прекумерна, постои опасност од создавање на талог, а ако количината е недоволна тогаш постои опасност од прекумерно загревање, триење и трошење.

    VDL-маслата за воздушни компресори се применуваат се до крајната температура на компресија од 2200 °C и ги задоволуваат најмногу барањата на компресорските масла. Екстремно се отпорни на оксидација, создаваат помалку талог од јаглерод и не содржат лесно-испарливи компоненти, кои предизвикуваат потрошувачка на масло.
     
    Масла за компресори за разладување

    Основни функции на маслото за разладни компресори се:

    Подмачкување, издвојување на топлина од загреаните делови на компресорот и пломбирање/затнување на компресорската комора и вентили. Поради тоа, ова масло мора да има ниска точка на течење, висока термичка стабилност и добра карактеристика на мешање со разладните флуиди.
     
    Масла за индустриски забчаници - редукторски масла

    Современите индустриски забчаници и редуктори работат обично во услови на хидродинамичко и мешано подмачкување. Меѓутоа, редукторите во валалница и во рударска опрема најчесто се изложени на ударни оптеретувања, па затоа имаат работна температура и до 1000 °C. За такви работни услови, се препорачува масло со следните карактеристики:

  • висока оксидација и термичка стабилност со EP-адитиви
  • висок индекс на вискозитет
  • висока точка на вриење и ниска точка на течење
  • одредена вискозна градација према конструкциските карактеристики на забчаните склопови.
    За редукторските масла посебно се важни две основни карактеристики:
  • способност за брзо издвојување на вода (деемулгирање)
  • способност за брзо издвојување на воздух од постројката
    Најупотребен вид од овие масла е со спецификација DIN 51517/ 3, - CLP.
  •  
    Масла за клизни стази

    Најважна функција на овие масла е да при мали брзини и високи оптеретувања овозможуваат рамномерно движење на клизни елементи. Адитиви и модификатори на триење осигуруваат погоден однос помеѓу статичкото и динамичното триење. Високи оптеретувања и мали брзини на движење не можат да осигураат хидродинамично подмачкување, па поради тоа овие масла содржат специјални адитиви за подобрување на особината за подобро поднесување на оптеретувањата. Тоа се постигнува со создавање на маслен филм и соодветно подмачкување.

    Овие масла, према своите карактеристики, се многу слични на хидрауличните масла. Нивниот квалитет се одредува со општоприфатената спецификација Cincinnati Milacrom,во главно P.47 (ISO VG 68) P.50 (ISO VG 220). Масло со спецификација P.50 (ISO VG 68) се применува за подмачкување на алатни постројки, а онаа спецификација P.50 (ISO VG 220) за подмачкување на клизни стази на алатни постројки.
     
     
     
     
    Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани