Станете познавач на масла
Масла за хидраулични состави
Масла за компресори
Масла за подмачкување на автоматски менувачи (ATF)
Масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила
Масти
Основи на мазива и нивна употреба
Течности за хидраулични системи за сопирање
Течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија
Универзални масла за трактори
Лубриканти АБВ
Мазива, масла и течности за моторни возила

Масла за подмачкување на автоматски менувачи (ATF)

 
Масла за подмачкување на автоматски менувачи (ATF)

  • Основи на масла за подмачкување на автоматски менувачи
  • Класификација на масла за подмачкување на автоматски менувачи
  • Класи на вискозитет

    Основи на масла за подмачкување на автоматски менувачи 
  • пренос на сила
  • изнесување на топлина   
  • заштита од корозија и абење  
  • хидраулично управување  
  • способност на непропустливост  
  • однос-вискозитет-температура  
  • висока стабилност на стареење  
  • висока оксидациска стабилност  
  • висока точка на палење  
  • отпорност од запенување  
  • компатибилност со метали  
  • соодветен коефициент на триење и подмачкување
  • Релативно ниски вискозитетни масла со висок вискозитет и ниска точка на течење пониска од -400 °C. Работните карактеристики се дефинирани према спецификации на General Motors при што треба да одговара на спецификациите во поглед на:
     
    Класификација на масла за подмачкување на автоматски менувачи

    Tip A Sufiks A:
    Вклучува испитување на мешањето, проточност на ниски температурa, заштита од запенување, компатибилност со метали како и тест на термичка стабилност и 50-сатно тест издржување во автоматски преносници.

    ATF DEXRON II D:
    Вклучува посебни барања за ниски статички коефициент на триење, висока оксидациска способност и точка на палење, заштита од корозија во влажна комора, како и компатибилност со метали.

    ATF DEXRON III:
    Релативно доскорешна спецификација за подобрени карактеристики, пред се повисока точка на палење и намалување на тенденција на запенување.

    ATF DEXRON IV:
    Најнова спецификација на масла за автоматски менувачи
     
    Класи на вискозитет

    SAE-Вискозитет класи не се пропишани за масла за подмачкување на автоматски менувачи (скратено АТФ (ATF)), т.е. тие се составен дел на соодветната спецификација. ATF се релативно ниско вискозитетни масла за менувачи (споредбено со SAE 75W) со еден висок индекс на вискозитет (VI) и точка на течење по -400 °C.

    Денес во автоматските менувачи кај патничките и комерцијалните возила, али земајќи ги во предвид и малкуте исклучоци, се пропишуваат/употребуваат DEXRON ® II D/E или DEXRON ® III. При примена на ATF према Ford –спецификација SQM-2C9007-A (M2C-33G), кое интерно кај Ford се назначува и како G-масло, треба да се внимава: овој производ има сосема друго однесување при абење во споредба со сите останати масла и оттука не смее да се меша со други масла за автоматски менувачи. Но само во неколку случаеви и сосема ретко се пропишува и употребува.

    Некои од производители на возила/менувачи пропишуваат употреба на ATF DEXRON II D или TASA (TASA=Type A, Suffix A). За серво-управувач најчесто се пропушува DEXRON II D.
     
    Масла за подмачкување на автоматски менувачи

    Критериуми на примена:

    Генерални класи на квалитет: DEXRON ® (General Motors), MERCON ® (Ford)
    Специјални класи на квалитет: Allison, Caterpillar, МАН-норми, Mercedes-Benz-работни прописи, Renk, Voith, VW-норми, ZF TE-ML.
    Класи на вискозитет: Вискозитетот не се наведува - тој е пропишан во соодветната спецификација.
     
     
     
     
    Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани