Станете познавач на масла
Масла за хидраулични состави
Масла за компресори
Масла за подмачкување на автоматски менувачи (ATF)
Масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила
Масти
Основи на мазива и нивна употреба
Течности за хидраулични системи за сопирање
Течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија
Универзални масла за трактори
Лубриканти АБВ
Мазива, масла и течности за моторни возила

Масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила

 

  • Основи на масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила
  • Класификација на менувачки масла према работни карактеристики – SAE J 308, 1998 и преглед MIL-L спецификација
  • Податоци за познавање


  • Основи на масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила
  • мултиградни масла кои го покрива распонот на вискозитет SAE 80W-90
  • мултиградни масла со широк распон на вискозитет SAE 75W-140

    Вискозноста на маслото битно влијае на способноста за поднесување на оптеретувања, на лесна промена на брзина во менувачот и на заштеда на гориво.

    Во поглед на квалитетот на маслото за менувачи и диференцијали, поставени се следните барања, како следи:
  • патничките автомобили се одликуваат со големи брзини, а теретните возила со висок обртен момент. Овие масла мора да ги задоволат двата работни услова.
  • заштита од трошење и зарибување при екстремни притисоци и ударни оптеретувања.
  • добра оксидациска и термичка стабилност. Во современите возила, температурата на полнење на маслото може да биде до 1400 °C.
  • заштита од корозија, посебно во присуство на вода.
  • компатибилност со метали.
  • заштита од создавање на пена.

    Најголеми проблеми кои се јавуваат при употреба на масло за менувачи и диференцијали се:
    оштетување на забчаник поради користење на несоодветно масло и лошо подмачкување.

    Поради големите брзини кај патничките возила, забчаниците се трошат, па настануваат длабоки вертикални рисови и задлабнувања, кои се претвораат во мали дупки и го оштетуваат забчаникот. Кај теретните возила, при високи обртни моменти, се јавуваат пластични деформации и стружење на површината од забчаникот, што доведува до многу бучна работа и до зарибување.
  • зголемена температура во забчанастите преноси можат да бидат последица од ниско ниво на маслото. Меѓутоа пак, превисоко ниво на маслото ја зголемува температурата на истото, па може да доведе до пена и лошо подмачкување.
  • продирот на вода може хемиски да реагира со адитивите и така да ја намали неговата способност на подмачкување при високи притисоци.


  • При избор на масло за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила потребни се податоци за вискозноста и квалитетот на маслото. Класификација на масло према вискозност е веќе прикажана, со напомена, дека мултиградните масла скоро потполно ги истиснаа моноградните масла од употреба. Према разликите во вискозитетот, мултиградните масла за менувачи и диференцијали можат да се поделат во две основни категории:
     
    Класификација на менувачки масла према работни карактеристики – SAE J 308, 1998 и преглед MIL-L спецификација
     
    API Класа
    MIL-Спецификација
    Област на користење
    Прописи на произв.(пр.)
    API GL 1
     
    Масло без EP-адитив може да се користи за спирално- сопирачки и забчанасти преносници; за посебно лесни оптеретувања на менувачи
    Volvo-Камиони
    API GL 2
     
    Масло без EP-адитив за забчанасти преносници; за тешки работни услови каде се бараат овие масла; се употребуваат во индустриски менувачи
     
    API GL 3
     
    Масло кое содржи EP-адитив 2,5% средно делување за спирално-сопирачки забчанасти преносници; за умерени и нормални услови на оптеретување на менувач; НЕ Е ЗА ХИПОИДНИ МЕНУВАЧИ
    Fiat
    API GL 4
    MIL-L-2105
    Масло кое содржи EP-адитив 3,8%за високо делување; за хипоидни менувачи без ударни оптеретувања; широко се применуваат во патнички и теретни возила; за високо оптеретени мануелни менувачи
    MAN 341; MB Blatt 235.1
    API GL 5
    MIL-L-2105 B
    MIL-L-2105 C
    MIL-L-2105 D
    Масло кое содржи EP-адитив 6,5%; за хипоидни менувачи при тешки работни услови и ударни оптеретувања; за диференцијали и задни мостови
    MAN 342; MB Blatt 235.0
    MT-1
    MIL-PRF-2105 E
    За несинхронизирани мануелни менувачи кај американските комерцијални возила
    Eaton; Fuller
     
    Податоци за познавање

    Класи на вискозитет
    Во употреба се моно- и повеќеградни маслата за менувачи. Посебно на менувачите со пет брзини им се потребни повеќеградни масла за менувач со широк распон на вискозитет, па SAE-областа најчесто е 75W-90 или 80W-90. За хипоидни погонски оски се препишува вискозитет од SAE 75W до 85W-140.

    Класи на квалитет
    Стандардот на квалитет на менувачките масла се опишува преку API-класа на Америчкиот Петролеум Институт (American Petroleum Institute) или MIL-спецификација на Америчката Армија.
    ACEA споредбена и општа описна табела на квалитет за менувачки масла не постои. На пример, Ford, MAN, Mercedes-Benz, Volkswagen и Volvo имаат свои сопствени спецификации. При тешкотии со стандардниот квалитет, тогаш доаѓаат посебните менувачки масла во употреба, за кои не постојат општи и обврзувачки класи на квалитет, туку само интерни прописи од производителот.

    Масла за менувач - Критериуми на примена
    Генерални класи на квалитет: API-класи, MIL-спецификација.
    Специјални класи на квалитет: Ford- спецификација, MAN-норми, Mercedes-Benz-работни прописи, Opel, Volvo, VW-норми, ZF TE-ML.

    SAE Класи на вискозитет:
  • 75W-X, 80W-X, 85W-X
  • 80W, 85W, 80, 85, 90, 140, 250
  •  
     
     
     
    Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани