Станете познавач на масла
Масла за хидраулични состави
Масла за компресори
Масла за подмачкување на автоматски менувачи (ATF)
Масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила
Масти
Основи на мазива и нивна употреба
Течности за хидраулични системи за сопирање
Течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија
Универзални масла за трактори
Лубриканти АБВ
Мазива, масла и течности за моторни возила

Масти

 

  • Основи и поделба на мастите
  • Градација на мастите
  • Податоци за познавање

    Основи и поделба на мастите
  • сапунски (литиева, калциева, натриева, комплексна и сл.)
  • несапунски (гел, бентонитна, масти со аноргански компоненти и сл.)

    Према можноста на употреба се делат на:
  • повеќенаменска, универзална
  • специјална
  • за лежишта

    Према работна температура се делат на:
  • за ниска температура
  • за нормална температура
  • за висока температура

    Према способност за поднесување на големи оптеретувања:
  • со подобрени карактеристики за поднесување на големи оптеретувања (EP / MOS2).


  • Литиева-та маст има широка област на примена поради своите карактерестики, добра механичка стабилност, висока точка на капење, добри ниско-температурни својства, добра отпорност при перење со вода како и добро подмачкување при високи притисоци. Температурна област на употреба се движи од -25 до 1250 °C. Према можноста на употреба, припаѓа во повеќенаменска универзална маст.

    Литиева-та маст со EP адитив има широка област на примена со зголемена отпорност на притисок. Према можноста на употреба, припаѓа во повеќенаменска универзална маст.

    Литиева-та маст со молибден сулфат MOS2 има широка примена поради отпорност на екстремно висок притисок. Сите литиеви масти припаѓаат во група на повеќенаменски универзални масти и масти во услови на нормална работна температура.

    Калциева маст има добра ниско-температурна карактеристика, добра залепливост како и добра отпорност при перење со вода. За да се подобрат карактеристиките на подмачкување, на калциевата маст може да се додаде графит, па во пракса таквите масти се нарекуваат графитни или графитно-калциева маст. Температурна област на употреба се движи од -35 до 900 °C., па према тоа припаѓа во ниско-температурна маст.

    Комплексни калциеви или алуминиумски масти имаат позначајна улога во примената заради подобрените карактеристики во однос на сапунските масти, што во главно се однесува на висока точка на капење, добра отпорност при перење со вода, добра механичка стабилност како и употреба при зголемени температури.

    Високо-температурните нерастворливи масти се несапунски масти, каде згуснувачите се аноргански средства. Се карактеризираат со добра оксидација и термичка стабилност, добра отпорност при исперување, добра отпорност према киселини, тврдоста не им се менува при промена на температурата и немаат точка на капење. Работната температура им се движи од 150 до 3500 °C.


    Према различните згуснувачи, мастите се делат на:
     
    Градација на мастите
     
    Мастите се полутечни или полукрути мазива кои се употребуваат за подмачкување на механички делови на системи, каде маслата, како течни мазива, не задоволуваат од технички или економски причини. Поради своите карактеристики, мастите подобро и подолго се задржуваат на површинските елементи на механичките системи. Према своите градации NLGI (полутечна или полукрута), мастите се поделени во девет градации.
     
    NLGI градација по DIN 51 818
    Пенетрација во 0,1 мм по DIN 51 804
    Карактеристика на состојба
    Вообичаена употреба
    000
    445 - 475
    течна
    забчанести преноси
    00
    400 - 430
    полутечна
    забчанести преноси
    0
    355 - 385
    полутечна
    за средни состави
    1
    310 - 340
    многу мека
    за средни состави
    2
    265 - 295
    мека
    за лежишта со тркалање
    3
    220 - 250
    многу мека
    за општа примена
    4
    175 - 205
    многу тврда
    за клизни лежишта
    5
    130 - 160
    тврда
    за клизни лежишта со мали брзини
    6
    85 - 115
    многу тврда
    брикетни масти
     
    Податоци за познавање

    Консистентност
    Ова е отпор на една маст према своето деформирање (слично како вискозитет кај маслата за подмачкување). Ова преобликување зависи од видот и количината на средството за згуснување, вискозитет-температура-сооднос на базното масло и траење на пенетрацијата. Соодветно на пенетрацијата односно нормата DIN 51818 ги дели мастите во девет NLGI-класи (National Lubricating Grease Institute): 000, 00, 0, 1, 2, 3, 4, 5, 6.
    Меките масти од класите 000 до 0 се назначуваат како „течни масти“ и во меѓу другото се употребуваат во централни уреди за подмачкување кај комерцијалните возила. Сите останати места за подмачкување кај возилата се подмачкуваат во основа со масти од NLGI-класата 2 или 3, водни пумпи со 4 или 5. Масти од класата 6 денеска не се во употреба.


    Означување према DIN
    Означувањето према DIN 51502 треба да овозможи единечно и сигурно наименување на мастите, за да се избегнат штети поради замешување. Тие се разликуваат во однос на местата на употреба, базни типови на масла/адитиви, NLGI-класа, горна температура на употреба/однесување према вода, долна температура на употреба.
    Видот на згуснувачот од тука не се препознава. За подинечности, погледајте ја табелата доле.
     
    Означување на масти према DIN 51 502

    Во нормата DIN 51 502 се опишуваат единствени и јасни ознаки на мазива и места за подмачкување. Со тоа треба да се спречи настанување на штети преку побркување на мазивата. Понатаму, ова норма упатува на други DIN норми, каде мазивата и нивните испитувања се детално опишани и специфицирани.

    Прописите на означување за масти према DIN 51 502 утврдуваат меѓу другото место на примена, тип на базно масло, додатоци, горна температура на употреба и однесување према вода.


    K PF 2 K -30

    K = маст за
  • G затворени менувачи DIN 51826
  • OG отворени менувачи
  • K вални лагери, др.лагери према DIN 52825
  • M лагери и дихтунзи (помали барања во спореба со К)

    PF = дополнителна буква за тип на базно масло и адитиви
  • E eстер-масла
  • FK флуор-јаглероводородни материјали
  • HC синтетички јаглероводородни материјали
  • PG полигликол
  • PH естер на фосфорни киселини
  • SI силикон-масла
  • X друго
  • За додатци: P EP / AW додатоци ; F тврди подмачкувачи, на пр. MoS2


  • 2 = NLGI-класа

    K = горна температура на употреба, однесување према вода при температура на испитување *)
  •  
     
    Горна температура 1)
    Однесување према вода
    Температура на испитување
    C
    60°C
    0 или 1
    40°C
    D
     
    2 или 3
     
    E
    80°C
    0 или 1
    40°C
    F
     
    2 или 3
     
    G
    100°C
    0 или 1
    90°C
    H
     
    2 или 3
     
    K
    120°C
    0 или 1
    90°C
    M
     
    2 или 3
     
    N
    140°C
     
     
    P
    160°C
    после
     
    R
    180°C
    после
     
    S
    200°C
     
     
    T
    220°C
     
     
    U
    преку 220°C
     
     
     
    -30 = долна температура на употреба во 0С
     
    1) Горната температура на употреба за трајно подмачкување е иста на највисоката температура на испитување кај испитување према DIN 51 806-2 и/или DIN 51 821-2, доколку испитувањата бидат положени.

    Однесување према вода:
  • 0 = нема промена
  • 1 = мала промена
  • 2 = забележлива промена
  • 3 = јака промена
  •  
  •  
    *) DIN 51807, дел 1 статично испитување.
     
     
     
    Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани