Станете познавач на масла
Масла за хидраулични состави
Масла за компресори
Масла за подмачкување на автоматски менувачи (ATF)
Масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила
Масти
Основи на мазива и нивна употреба
Течности за хидраулични системи за сопирање
Течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија
Универзални масла за трактори
Лубриканти АБВ
Мазива, масла и течности за моторни возила

Основи на мазива и нивна употреба

 

  • Основи на мазива
  • Базни масла
  • Адитиви
  • Згуснувачи на масти
  • Основни карактеристики на мазивата
  • Избор на мазива


  • Основи на мазива

  • масла за подмачкување се произведуваат од базни масла и соодветни пакети на адитиви
  • масти за подмачкување се произведуваат од базни масла, соодветни пакети на адитиви и згуснувачи

  • За сите мазива важи следното правило: базно масло + соодветен пакет на адитиви = масло за подмачкување + згуснувачи = масти за подмачкување. Со оглед на тоа што постојат повеќе видови на базни масла, пакети на адитиви и згуснувачи за производство на масла и масти за подмачкување, ќе наведеме неколку основни начела во врска со тие компоненти.

    Мазивата се дефинираат како гасовити, течни и цврсти материјали кои го намалуваат триењето помеѓу металните површини, кои пак се во релативно движење, и (воедно) овозможуваат пренос на снага, топлина и ладење, со цел металните делови да се заштитат од трошење и корозија.

    Мазивата се делат на две основни групи: 1.масла за подмачкување и 2. масти за подмачкување:
     
    Базни масла

    Сите базни масла можат да се распоредат во четири основни групи::

  • минерални базни масла, кои се добиваат со рафинирање на нафтата. Во оваа група припаѓаат нафтените и парафинските базни масла. Во зависност од своите својства, се употребуваат за производство на моторни, редукторски, турбински, компресорски и останати масла како и за производство на масти за подмачкување.
  • хидрокрекирани масла се добиваат со понатамошен процес на хидрокрекирање каде доаѓа до трансформација на непожелните единици во пожелни јагленоводни структури. Најмногу се употребуваат за производство на современи леснопроточни моторни масла од новата генерација.
  • синтетички базни масла се добиваат со процес на хемиска синтеза. Поради своите предности (висока оксидација и термичка стабилност, ниско испарување, ниска содржина на кокс, висока точка на запалување, ниска точка на течење како и добри вискозно-температурни својства) се употребуваат за производство на современи моторни масла, компресорски и хипоидни масла, масла за двотактни мотори, течности за сопирачки и слично.
  • растителни базни масла (рициново, репичино, памучно, палмино и сл.) се основа за производство на мазива кои бараат чување на околината од загадување. 
  •  
    Адитиви

    Адитиви се материи кои во комбинација (пакет), во зависност од видот на мазивото, се додаваат на мазивото заради подобрување на квалитетот или создавање на некое негово ново својство, а можат да се поделат, во зависност од нивните карактеристики и улоги, во следните основни групи:

  • депресанти на точка на течење, кои ја подобруваат точката на течење со улога да овозможат работење на моторот (постројката) на ниски температури, односно ја намалуваат точката на течење на маслото.
  • импрувери (подобрувачи) - го подобруваат индексот на вискозност на маслото, како една негова најважна карактеристика, бидејќи овозможуваат стабилен индекс на вискозност на маслото, со оглед на промена на температурата.
  • антипена - спречуваат создавање на пена во маслото што може да биде исклучително неповолно поготово кај хидрауличните и редукторските масла, бидејќи пената го намалува подмачкувањето и предизвикува губење на преносна снага во хидрауличните состави.
  • поларни адитиви за подобрување на мазните својства на маслото и модификација на триењето. Во моторните масла го намалуваат триењето што допринесува на намалување на потрошувачката на гориво.
  • AW адитив за помало трошење, а металната компонента во главно му е цинк. Најцврст е на високи температури (поголеми од 1500 °C) каде значајно го намалува коефицентот на триење и интензитетот на трошење.
  • EP адитив за заштита од екстремно висок притисок и големи оптеретувања. Се применува за заштита од високи локални притисоци и ударни оптеретувања во услови на тенко подмачкување.
  • антиоксидантни адитиви за заштита од оксидација, ја зголемуваат стабилноста на маслото при делување на кислородот.
  • инхибитори на корозија се адитиви за заштита од корозија, ги штитат металните делови на моторот кои се изложени на корозија.
  • детергентни адитиви му овозможуваат на маслото да ги чисти деловите од моторот од создавање на оксидација и недозволуваат да се собираат и таложат на виталните површини од моторот. Освен тоа, имаат способност на неутрализација на хемиските агресивни киселини настанати од согоревање на горивото со зголемена содржина на сулфур.
  • дисперзантни адитиви имаат улога да ги држат во дисперзија производите во моторот настанати од оксидација на маслото (смола, чад) во услови на ниска и средна работна температура. Имаат и детергентни својства, односно способност на растворање на смоласто-асфалтен талог и остатоци од масло.
  • деактиватори на метал го редуцираат каталичкото делување на оксидација на маслото, односно ги разложуваат производите од оксидација и ја прекинуваат нивната штетна реакција.
  • адитиви емулгатори се најважни додатоци на емулзиските масла за преработка на метал, кои заедно со водата создаваат млечно-бела емулзија. Задача им е да го намалуваат површинското притиснување и да осигураат создавање на стабилна емулзија.
  • адитиви деемулгатори спречуваат создавање на емулзија, ако водата се протне во системот.
  •  
    Згуснувачи на масти

    Како што е познато, базно масло + пакет на адитиви = масло за подмачкување + згуснувач = маст за подмачкување, односно мазивно масло во полутечна, мека и тврда состојба, во зависност од содржината или видот на згуснувачот кој се додава на мазивното масло.

    Згуснувачите можат да бидат:

  • сапунски (од калциум, натриум, литиум, бариум, алуминиум итн.)
  • комплексни сапуни
  • несапунски (гел, бентонит, масти со аноргански компонентни и сл.)

    Мастите за подмачкување носат називи према згуснувачите кои се користат на нивно производство:
  • сапунски масти се калциева, натриева, литиева, графитна и слично
  • комплексните масти носат назив поради комплексните сапуни кои се додаваат во маслото
  • несапунски масти носат назив по несапунските згуснувачи (гел, бетонит, масти со аноргански компоненти и сл.)
  •  
    Основни карактеристики на мазивата

  •  
  • Густина на мазиво, однос на маса и зафатнина при температура од 150 °C која одредува колку зафатнина е во масата кгр/м3.
  • Вискозноста е еден од основните критериуми за оценување на квалитетот на маслото. Во пракса се користи кинематичка вискозност на 40 и 1000 °C. Ја дефинира динамичната вискозност и густина на маслото на одредена температура и при одреден притисок.
  • Индекс на вискозност е емпириска вредност која укажува на промена на вискозноста со промена на тепературата.
  • Точка на запалување е најниска температура до каде треба да се загрее некое масло за да ослободената пареа моментално се запали со допринос на отворен пламен без трајно загревање COC °C (точка на палење).
  • Точка на течење е најниска температура при кое некое масло се уште покажува тенденција на течење, а се изразува во °C.
  • Испарување се дефинира како количина која испарува во одредено време на одредена температура.
  • Вкупен базен број (TBN) се дефинира како мерка на алкалност која потекнува од сите материјали од маслото кои имаат базна реакција mg KOH/mg од примерокот на маслото.
  •  
    Избор на мазива

    Потрошувачите корисници на мазивата многу често се во дилема кои видови на мазива да ги изберат како оптимални со оглед на намената, квалитетот и цената. На вакво прашање не е лесно да се даде едноставен и прецизен одговор, па на потрошувачите кои ги мачат таквите проблеми, им препорачуваме еден од трите можни критериуми:

  • Препорака од производителот на моторот / постројката, ако потрошувачот корисник ја има документацијата за моторот / постројката;
  • Избор на мазиво према вискозна градација;
  • Избор на мазиво према област на примена, ниво на квалитет односно према работни карактеристики, со тоа што корисникот мора да биде сигурен, дека фактичкиот квалитет на маслото одговара на декларираниот квалитет (оригинален сертификат за квалитет од производителот).
  •  
     
     
     
    Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани