Станете познавач на масла
Масла за хидраулични состави
Масла за компресори
Масла за подмачкување на автоматски менувачи (ATF)
Масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила
Масти
Основи на мазива и нивна употреба
Течности за хидраулични системи за сопирање
Течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија
Универзални масла за трактори
Лубриканти АБВ
Мазива, масла и течности за моторни возила

Течности за хидраулични системи за сопирање

 
  • Основи на течности за хидраулични системи за сопирање
  • минерални масла LHM,специјални масла за средиштето на хидрауликата кај возилата од Citroen и Peugeot или
  • течности на база гликолетра

  • LHM се користи во состави кои се означени со зелена боја. Не смеат да се мешаат ниту да се надополнуваат со други течности.
    Најширока употреба имаат течностите за сопирање на база на гликолетра. Карактеристиките им се дефинирани со следните стандарди и спецификации:
  • ISO 4925
  • SAE J 1703
  • FMVSS 116, DOT 3, DOT 4, DOT 5

    Со содржина на вода од 5%, точката на вриење на течноста DOT 3 паѓа испод критичната температура (1400 °C), што значи дека мора да се менува.

    Со оглед на тоа што течностите DOT 4 и DOT 5 имаат помала хигроскопичност и повисока точка на вриење, нивното време на употреба е подолго во однос на употребата на DOT 3,а сигурноста на сопирачкиот систем е поголема. Генерално, течноста за сопирање треба да се менува поради следните причини:
  • поради продор на вода (хигроскопија), паѓа точката на вриење. При долго користење на системот за сопирање, можна е појава на создавање на парни (воздушни) меури и откажување на сопирачкиот систем;
  • адитивите (инхибитори) со тек на време се трошат и со тоа го губат своето влијание;
  • абењето и триењето мора да се отстранува;
  • промената треба да уследува на секои две години

    Течностите за сопирање треба да ги исполнуваат следните барања:
  • при високи температури: по можност повисока влажна точка на вриење; да не е премногу “тенко“, за да се спречи абење во главниот сопирачки цилиндер;
  • при ниски температури: да не е премногу “дебело“, за да се гарантира брза реакција на системот за сопирање;
  • општо: извонредна заштита од корозија; добро подмачкување; отпорност од стареење; компатибилност со сите материјали на системот; мала наклонетост кон запенување;
  • контакт со лак: да се избегнува контакт со лак, бидејќи течноста за сопирање разградува лак

  • За хидраулични системи на сопирање кај возилата можат да се користат:
     
    Споредбена табела на прописи за квалитет
     
    FMVSS 166
     
    DOT 3
    DOT 4 1)
    DOT 5.1
    ISO 4925
    SAE J 1703
     Точка на вриење °С
    >205
    >230
    >260
    >205
    >205
     Влажна точка на вриење °С
    >140
    >155
    >180
    >140
    >140
     Вискозитет мм2/с
     
     
     
     
     
    при -40°С 
    >1500
    >1800
    >900
    >1500
    >1800
    при 100°С 
    >1,5
    >1,5
    >1,5
    >1,5
    >1,5
     
    1) Кај производителите интерно се нуди и DOT 4 Super, овие производи имаат однесување према вриење како DOT 5.1
     
    Легенда:
    FMVSS = Federal Motor Vehicle Safety Satndard
    DOT = Department of Transportation
    ISO = International Standardisation Organisation
    SAE = Society of Automotive Engineers
     
     
     
    Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани