Станете познавач на масла
Масла за хидраулични состави
Масла за компресори
Масла за подмачкување на автоматски менувачи (ATF)
Масла за подмачкување на менувачи и диференцијали на моторни возила
Масти
Основи на мазива и нивна употреба
Течности за хидраулични системи за сопирање
Течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија
Универзални масла за трактори
Лубриканти АБВ
Мазива, масла и течности за моторни возила

Течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија

 

  • Основи на течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија
  • Класификација на течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија према некои производители на моторни возила


  • Основи на течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија
  • базни флуид = моноетиленгликол
  • адитив = инхибитор на корозија, инхибитор на ковитација, инхибитор на таложење, антипенаст, стабилизатор и затнувач
  • вода = мора да задоволи: тврдост 5 - 9°dN, pH вредност на 200 °C = 7 - 8, содржина на хлорид и сулфат макс. = 80mg/l.

    Неразреден антифриз - концентрат мора да содржи 90% MEG, најмногу 4% вода и 6% адитив.
    Течноста за разладување - антифриз мора да ги задоволи следните основни барања:

    спречува корозија под притисок на жешка вода:
    во современите мотори, преку големата топлотна густина (топлина на површина), температурите на горните површини можат да бидат многу високи, каде водата реагира директно со алуминиумот. Преку ова реакција настанува водород во гасна состојба, кој ја разорува металната структура.

    спречува таложење:
    само еден чист разладен систем гарантира одвод на топлина и превенција од презагревање на моторот.

    спречува површна корозија:
    секоја метална горна површина е сурова и може да биде нагризана преку кородираните медии.

    спречува контактна корозија:
    во изработка на разладните системи се употребуваат најразлични метали како железо, алуминиум, бакар (дихтување), кај постарите мотори исто така и месинг. Доколку на пример една составна железна честичка од разладниот систем се издвои и се наталожи на една алуминиумска горна површина (на пр. глава на цилиндер), се создава т.н. еден “локален елемент”. Преку ова, алуминиумот лесно се разложува, а со тоа настануваат дупки на горната површина.

    спречува корозија во пукнатини:
    во пукнатини, во кои разладното средство не може веќе да циркулира, се зголемува концентрацијата на корозивни составни делови, а со тоа се забрзува процесот на корозија.

    спречува таложење на варовник:
    кај висока тврдина на вода, при и од околу 60 °C, варот и други минерали можат да испаднат и да се наталожат повеќе на оние места, каде добра преносливост на топлина е многу битно.

    спречува пенување:
    создавање на пена го намалува разладувањето и затоа мора безусловно да се избегнува.

    компатибилност со метали:
    разладното средство доаѓа во допир не само со најразлични метали, туку и со гумени делови (дихтунзи, црева итн.) и затоа не смее да покаже негативно дејство.
  • Антифризот најчесто се гледа само како средство за заштита од замрзнување, иако и неговата улога за заштита од корозија е многу побитна. Ако инхибиторите не се во доволна мерка застапени или не се во доволна мерка усогласени, може да дојде до оштетувања на системот за разладување, па и на самиот мотор. Према тоа, хемискиот состав е одлучувачки за квалитетот на средството за разладување - антифриз (Antifreeze). Основна структура на средството за разладување (антифриз) е следна: БАЗЕН ФЛИУД + АДИТИВ + ВОДА.
     
    Класификација на течности за заштита на ладилникот на возилото од замрзнување и корозија према некои производители на моторни возила

    Прописи на разладни заштитни средства.

    Општи важечки спецификации/класификации како кај моторните масла (API, ACEA) не постојат. Моментално големите и различни одстапувања на барањата/предпоставките од производителите на возила не можат да ги покријат сите мотори со еден квалитет. Но можно е сепак да се изврши прераспределба во три групи на видови, кои можат да бидат прикажани како следи:

  • базични
  • без нитрит - (дополнително можно без амин и/или без фосфат)
  • без силикат - (дополнително можно без амин и/или без фосфат и/или без нитрит)

    Групите по видови можат да се подредат према следните спецификации (извадок од Arteco- и BASF-документи).
  •  
    Базични
    Код *)
     Без нитрит
    Код*)
     Без силикат
    Код*)
     MAN 324 N
    Typ N
     MAN 324 NF
    Typ NF
     MAN 324 SNF
    Typ SNF
     MB 325.2
    325.2
     MB 325.0
    325.0
     MB 325.3
    325.3
     VW 1) 5) TL774-A
    Typ A
     VW 1) 6) TL774CG11
    G11
     VW1) 7) TL774DG12
    G127)
     DAF 51180795-C
    DAF
     BMW N 600 69.0
    69.0
     Detroit Diesel
    Detroit
     Fiat / Iveco 5523/1
    55523
     Opel/GM B0400240
    0240
     Deutz, Deutz/MWM
    Deutz
     Ford ESD-M97B49A
    49A
     Porsche TL 774-C
    Typ C
     Ford WSS-M97B44D 2)
    44D
     + ESD-M99B166-C
    166 C
     Renault Typ C
    Typ C
     Opel/GM B0401065 3) 4)
    1065
     + SSM-97B-9102-A
    9102A
     Rover/Land Rover
    Rover
     PSA B 715110 4)
    5110
     John Deere JDM H5
    JDM
     Saab 6901 599
    Saab
     Porsche
    SF
     Mazda TI 13/82
    Mazda
     Scania TB 1451
    1451
     Renault RNUR
    Typ D
     Scania 0-891027 GTEN
    GTEN
     Volvo 128 6083/002
    002
     Ren./Volvo RVI
    RVI
     Steyr-Daim.-Puch
    Steyr
     Bundeswehr 6580-008
    008
     Scania TI 02-98 08
    TI 02
     MTU MTL 5048
     
     Toyota TSK 26016
    Toyota
     
     
     
    *) кратенка на DEKRA-листа;
    1) важи за Audi, Seat, Skoda, VW;
    2) исто и за Jaguar и New Holland;
    3) се базира на GM 6277 M;
    4) во специјална изведба;
    5) 6) фабричко полнење до 5) 1991, 6) Јули 1996, 7) од Ноември 2001 фабричко полнење со G12+
     
    Напомена: при употреба треба да се внимава на прописите на производителот на возила!
     
     
     
     
     
    Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани