Вовед Спонзорство и донации

Спортот ги зближува луѓето и е многу важен елемент за општествено единство. Дали причината е само задоволство потикнато од искуство, постигнување на максималните граници во областа, професионална ориентација или едноставно забава или пак само хоби, спортот предизвикува соживот, комуникација и соработка помеѓу единките, и не учи како да бидеме толерантни и да ги прифатиме другите, такви какви што се. Тимскиот дух и важноста од тимската работа се основните принципи на спортското однесување.

Спортот ги истакнува индивидуалните квалитети и уникатните карактеристики на луѓето. Вистинскиот спортист поседува голема самодоверба, желба за напредок која го прави бестрашен и без пардон за неуспехот. Одличен натпреварувач се стреми кон константно подобрување и верува во победничкиот дух, но само доколку тоа е фер и заслужено преку дисциплина и напорна работа.

Сепак, победата не е “самостојна”. Победа за себе, значи победа за целиот “тим”.
Санимпекс како компанија чии што успеси почиваат на посветена и тимска работа, е активен поддржувач на развојот на спортот во Македонија, особено во автомоторспортот. Ние како компанија, генерално ги поддржуваме спортските активности во автомоторспортоткои се базираат на овие основни принципи во кои ние силно веруваме.
 
 
Меѓународен Ангажман на Арал во Моторспорт
На веќе постоечкиот и докажан квалитет и првокласност на моторните масла во моторспортот, Арал влегува на голема врата и со спонзорство и ангажман во последно време и со своите високо-квалитетни горив ...
 
 
Ангажман во Авто-Моторспорт
Санимпекс, застапувајќи првокласни и врвни производи од областа на маслата и мазивата, а потикнати од посветена тимска работа и тимски дух, се определи на силен и активен ангажман и поддржувач на врвн ...
 
 
Медиумски кампањи
Со цел за уште поголемо позиционирање на пазарот и потенцирање на директниот пристап и комуникација со веќе постоечките и потенцијални клиенти , а кое секако како краен ефект ќе ни овозможи поголема а ...
 
 
Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани