Меѓународен Ангажман на Арал во Моторспорт
На веќе постоечкиот и докажан квалитет и првокласност на моторните масла во моторспортот, Арал влегува на голема врата и со спонзорство и ангажман во последно време и со своите високо-квалитетни горива.

1. Арал во DTM (германско автомото првенство)

Почнувајќи од 2005 год. Арал поставува јасен знак за квалитет и преку своите високо-квалитетни горива: со влез на Арал како ексклузивен доставувач на горива и спонзор, сите возила во DTM (германско автомото првенство) и нивните партнер-серии се полнат исклучиво со Арал Ултимате 102.

За повеќе информации влезете на: www.aral.de
За галерија на слики можете да влезете во DTM-фотоалбумот со возбудливи слики од трките: www.dtm.com/fotoalbum.php


2. Rallye Dakar Series 2010 (Рели Дакар Серија 2010)

Високо-квалитетното дизел-гориво кое го користи Volkswagen Race Touareg (Фолксваген Рејс Туарег) беше ексклузивно развиено од Арал во соработка со инжињерите од Фолксваген Моторспорт преку употреба на Ултимате-технологија. Фолксваген Моторспорт верува во високата работоспособност на Арал Ултимате и го препорачува ова гориво.
За повеќе информации влезете на: www.aral.de
За повеќе информации за Рели Дакар, Ве молиме да ја посетите официјалната Дакар-веб-страна: www.dakar.com


3. Volkswagen Scirocco Cup 2010 (Фолксваген Широко Куп 2010)

Од 2010 год. почнува еден нов куп на натпревари во рамките на DTM-серија (германско автомото првенство). Со иновативната идеја да се започне една моторспорт-серија, која ќе вози исклучиво со земјен гас, Фолксваген Моторспорт ја отвори вратата за алтернативна енергија во моторспортот. Меѓутоа, погонот на земјен гас не мора само да се употребува во моторспортот. Алтернатива на вообичаените дизел- или бензински горива, секако веќе е и земјениот гас.

За повеќе информации влезете на: www.aral.de


4. Porsche Carrera Cup (Порше Карера Куп)

Арал Ултимате е официјален партнер и доставувач на гориво на Порше Карера Куп. Преку првенството на Карера Куп Германија, Порше во 1990 год. ја реализираше за прв пат идејата, да организира првенство односно куп на својот бренд со легендарното спортско возило Порше 911. Воедно и во сезоната 2010 сите возила возат со високо-квалитетното гориво Арал Ултимате 102. Притоа Карера Куп-от започнува во рамките на највисоката национална тркачка серија, DTM-серија (германско автомото првенство). Порше овде има целосна доверба во горивото на Арал, кое истотака и во сите останати Порше сериски возила може да се грижи за поголем работен капацитет, помала потрошувачка и помала емисија на штетни гасови.

За повеќе информации влезете на: www.aral.de
Дополнителни информации за Порше Карера Куп Германија ќе најдете овде: www.porsche.com
Aral Ultimate спонзор на Porsche Team Schnabl Engineering: www.schnabl-engineering.de


5. MINI Challenge (Мини Челенџ)

Во сезона 2010 MINI Challenge (Мини Челенџ) го препорачува Арал Ултимате. MINI Challenge (Мини Челенџ) стои за врвен спорт, страст и задоволство во возење – затоа MINI Challenge (Мини Челенџ) препорачува Арал Ултимате.

За повеќе информации влезете на: www.aral.de
Дополнителни информации за MINI Challenge ќе добиете преку следниот линк: www.challenge.mini.de
 
 
 
Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани