информации      |      каталози      |      производи      |      сертификати      |      фото галерија
 

Локална услуга преку целиот свет

77 Lubricatnts е една од поголемите независни марки во Западна Европа.
Тие произведуваат и продаваат еден голем избор на високо-вреднувани квалитетни производи и специјални производи за различни цели.

Производите се развивани и произведени од специјалисти, кои знаат која мешавина од квалитетни високо-вреднувани меѓународни марки на базни масла и адитиви мора да се употреби, за да се добие мазиво, кое ќе ги има најдобрите карактеристики за соодветната намена.

Сите мазива на 77 Lubticants се произведуваат во една од најголемите и технички најмодерни погони во Холандија. Овој погон има годишен капацитет на производство од 130.000 тони готови производи и ускладиштува 17 милиони литри базни масла како и управува со 60 производни танкери.

77 Lubticants може со гордост да се нарече меѓународна марка, која не нуди само најдобар квалитет на мазива, туку поседува високо ниво на услуга и една од најмодерните производствени линии во Западна Европа. Сите производи се продаваат преку локални дистрибутери за да му овозможат на крајниот клиент најдобра можна услуга. Истовремено, производите во Холандија се испорачуваат директно кон индустриските капацитети.
За 77 Lubticants е најважно да се овозможи лична, ангажирана и индивидуална поддршка, како и давање на совет на нивните партнери и клиенти.

 
информации каталози производи сертификати фото галерија
 
Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани