информации      |      каталози      |      производи      |      сертификати      |      фото галерија
 

Сретнете го Арал – бренд од светска класа.

Арал има горда историја која се протега повеќе од сто години. На 28 Ноември 1898 год., конгломерат од 13 рударски компании го основаа Западногерманското здружение за продажба на бензол односно “Westdeutsche Benzolverkaufsvereinigung” (West German Benzol Sales Association), кое преку сто-те години се разви во денешниот Арал Акционерско Друштво или скратено Арал АД (Aral Aktiengesellschaft или Aral AG).
Од 2002 год., Арал оперира под чадорот на германскиот БП АД (German BP AG).

Благодарение на услугите од прва-класа на сите свои деловни единици, денес Арал има многу задоволни клиенти. Самите масла целосно се произведуваат во Германија, кои исклучиво се на располагање преку овластени сервиси и на преку 2.500 Арал бензински пумпи. Меѓународното делување со масла се врши преку овластени дистрибутери низ целиот свет.

Арал ги исполнува стриктните барања на ISO 9001 и 14001 норми на квалитет, и постојано му се доделува DNV сертификатот. Овој ISO сертификат го реафирмира исклучителниот квалитет на производите и услугите, под кои Арал и неговите независно сертифицирани деловни единици се препознатливи.

Децениското делување на Арал со автомобилски масла, земајќи го во предвид искуството во технологијата на подмачкување, генерира една од најдобрите и најраспространетите производни линии во светот. Во секое време Арал развива нов производ, каде целта е сериозно да го достигне бенефитот на клиентот.

Како дел на оваа филозофија, Арал исто така обезбедува индивидуални производни линии кои се скроени према специфични барања на клиентот. Арал ги дистрибуира овие производни линии преку неговата целокупна продажна мрежа.
Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме слободно и директно да не контактирате.

 
информации каталози производи сертификати фото галерија
 
Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани