информации      |      каталози      |      производи      |      сертификати      |      фото галерија
 
 
Aral Aktiengesellschaft
www.aral.de
 
Дополнителни информации за Aral Lubricants
   
 
Alles super (Се е супер) - и како е дојдено до тоа

Интерактивно претставување на историјата на Арал можете да го проследите преку долниот линк:
Интерактивно претставување

Историја на претпријатието

Арал – ова име со децении стои за предводник на квалитет и марка на германскиот пазар на бензински пумпи.

Основано во далечната 1898 год. со цел продажба на споредниот производ од рудниците - бензол, Арал се етаблира веќе во 20-тите години како премиум марка со пронајдокот на првото супер-гориво во светот и со тоа се оддели од другите конкуренти.

Денеска 98 проценти од германското население го познава името Арал. Исто и “плавиот дијамант”, знакот на Арал, се препознава на прв поглед. Оваа појава цврсто се етаблираше со децении кон еден карактеристичен симбол на надпросечен квалитет, иновација и сервис: Aral. Alles super (Арал. Се е супер).

Вие сте поканети, долж хронологијата да ја откриете историјата на Арал.

1. Првото Супер-гориво во светот

Бензолот, како спореден производ од рудниците, споро наоѓаше влез во мобилната примена. До започнувањето на првата светска војна, бензолот остана како средство на замена на бензинот и тешко се пробиваше поради увезениот бензин. Со зголемувањето на бројот на автомобилите во 20-тите години, се поставуваше прашањето, дали едно чисто бензол-гориво може да ја задоволи зголемената побарувачка.
Бензол-Здружението (Benzol-Verband или B.V. т.е. Б.В.) се одлучи за воведување за една мешавина на бензол и бензин под името “Арал” (Aral). Со тоа се воведе првото супер-гориво во светот, со до тогаш неприсутно строго нормирање на квалитетот. Бројните практични тестови ја потврдуваа моќната способност на горивото Арал.
Се воведе постојана истражувачка работа, за да се одржи оваа добра репутација. Во 1954 год. со слоганот “Повеќе километри во резервоарот” се изврши воведувањето на Арал безоловен бензин. Истиот располагаше со еден вид на “природна отпорност на удар” и беше вон конкуренција наспроти бензинот на конкуренцијата, која што овој ефект го постигнуваше само со додатоци на олово.

Зголемената побарувачка на гориво и постепеното намалување на рударството во почетокот на 60-тите години, го донесоа крајот на бензол-бензин-мешавината. Времето на нафтените производи кај горивото и моторните масла започна.

Историски моменти:

1898 год:
на 28 Ноември во Бохум, 13 претпријатија од рударството го основаа Западногерманското здружение за продажба на бензол, од каде подоцна произлезе Арал Акционерско Друштво. Нивна адача беше продажба на добиениот бензол, на пр. за производство на бои или за потребите за осветлување.

1906 год:
во Германија веќе има околу 21.000 возила. Зголемената продажба на горивото значи уште поголема заинтересираност за бензолот на на пазарот, иако мошне малку возила го употребуваат.

1912 год:
опсежниот извештај на братот на кајзерот, принц Хајнрих, за неговото тест-возење со бензолот на Бензол-Здружението или Б.В. (Benzol-Verband или B.V.), го прикажува првото признавање на горивото.

1918 год:
после различни преструктуирања, претпријатието го носи името Бензол-Здружение (Benzol-Verband или B.V.) со седиште во Бохум.

1924 год:
хемичарот Валтер Освалд развива еден нов вид на гориво од мешавина на бензол и бензин. Бидејќи бензолот припаѓа на хемиската група на Аромати, а бензинот на Алифати, Освалд новото гориво го нарекува Б.В.-Арал (B.V.-Aral). Овој историски момент од Арал подвлекува два еднакви пионерски достигнувања: Б.В.-Арал е првото супер-гориво во светот, и строгото нормирање го гарантира еднаквиот квалитет на горивото.

2. Моторното масло држи чекор со моторите

Според мотото, дека моторите не живеат само од гориво, веќе од 1929 год. “Б.В. Моторно масло” спаѓа во асортиманот на Арал. Во 1939 год. беше развиено првото синтетичко произведено моторно масло “Ковал” (Kowal), кое, и под силни осцилаторни температури, ја задржуваше оптималната вискозност за едно сигурно подмачкување.
Во тесна соработка со производителите на автомобили, моторните масла беа секогаш усогласени со се поголемите барања на новите конструкции на моторите и нивната зголемена моќност. Во 50-тите години моторните масла BV-OEL и пред се BV-OEL Spezial беа мустри на денешните високо моќни производи, бидејќи уште тогаш почна употребата на активните супстанци, т.н. адитиви, под ознаката “структурно-механичко оплеменување”. Овие супстанци, покрај другото, го запираа и стареењето на моторното масло и корозијата предизвикана од абење, а со тоа ја подобруваа и зависноста на вискозноста со температурата како и способноста за подмачкување. Уште тогаш можеа да се користат како повеќенаменски моторни масла во текот на целата година. Денеска развојното истражување се грижи да се одржуваат резервите на издржливост на моторното масло и при екстремни барања, а сепак да се продолжи интервалот на промена на маслото.

Историски моменти:

1926 год:
започнува создавањето на мрежа на бензински пумпи. Се основа научно-техничкиот сектор (WTA), денеска Арал Истражувачки Центар. Тоа е израз на висока поставеност на вредностите, која што истражувањето, развојот и обезбедувањето на квалитет, кај Арал ги имаат од почетокот.

1927 год:
во Германија се воведуваат нови сообрајќајни знаци со црна-жолта боја – исто како и боите на Бензол-Здружение (Benzol-Verband или B.V.). Врз основа на опасноста од забркување на знаците, фирмата се одлучува да ги земе плаво-белата боја, боите на градот Бохум.

1928 год:
авионот “Бремен“ прв го прелетува атлантскиот океан од Европа према Америка. Бензол-Здружението (Benzol-Verband или B.V.) дава свој придонес: со употреба на Б.В..-бензолот способноста за постигнување на поголеми далечини на моторот се зголемува за минимум 750 км.

1929 год:
цепелинот “Грофот Цепелин” лета околу земјината топка за 21 ден. Најголемото воздушно летало во неговото време, со 6 мотори “Do-X” и 169 лица во леталото, тргнува на пат околу земјата со Б.В. -гориво. Моторните масла се внесуваат во продажната програма.

1930 год:
Б.В. го обојува своето гориво во бојата на куќата – плава – како заштита на марката и на потрошувачот.

1931 год:
“Цепелинот на Шини” управуван со Б.В.-гориво постигнува брзина од 230км/час.

3. Бензински пумпи – од споредна дејност до професионален бизнис

Откако Бензол-Здружението (Benzol-Verband или B.V.) во 1924 год. го воведе супер-горивото на пазарот и започна поинтензивно да ја гради сопствената мрежа на бензински пумпи, во Германија имаше околу 300.000 возила и помалку од 100 Б.В.-бензински пумпи. Тие најчесто се наоѓаа странично од улиците или во задните дворови, како извор на споредни приходи како на пр. на малите ресторани и др.
Со зголемениот сообраќај во 30-тите години, беше нужно постапката на точење на бензин да се исклучи од движечкиот сообраќај. Настанаа првите објекти, каде се гледаше и почетокот на едноставно одржување на возилата со места за перење на возилата. Наскоро се развија различни видови на бензински пумпи, кои располагаа со придружни објекти, покриено острово со пумпи и споредни простории. Меѓутоа, се уште обликот на бензинските пумпи претежно беше според практична гледна точка, а помалку од естетски аспект. Но последното, се повеќе наоѓаше своја тежина, посебно со воведување на Б.В.-градежниот тип во 1937 год.
Наскоро возачите се повеќе одбираа бензински пумпи со сопствени сервиси и продавници за резервни делови. Во 50-тите години се проби трендот на стручно оспособени бензински пумпи со широка лепеза на услужни дејности и одржување на возила на клиентите.

Историски моменти:

1932 год:
почнуваат да функционираат првите мобилни екипи за проверка на возилата. Тие служеа за бесплатно регулирање на карбураторот со што се овозможуваше зголемување на моќноста и намалување на потрошувачката. За првпат се нуди дизел-гориво.

1937 год:
Б.В. - мрежата опфаќа 9.000 бензински пумпи. Се развива и се воведува нов тип на бензинска пумпа со широк полукружен заштитен кров, кој се потпира на само еден столб во изглед на печурка. Просторот под кровот се осветлува вештачки.

1939 год:
фирмата го развива првото целосно синтетичко повеќенаменско моторно масло “Aral Kowal”.

1939-1945 год:
погонот за производство на гориво се централизира на државно ниво во корист на национал-социјалистичкото воено стопанство. Квантитетот има предност пред квалитетот. Наместо квалитетен бензин има само обичен бензин кој содржи олово. Се користи исклучиво бензин, кој е произведен од јаглен, наместо од нафта.

1949 год:
за првпат од страна на Арал во Германија се воведува електрична бензинска пумпа.

1951 год:
се укинува централизираното производство и фирмата повторно го нуди своето гориво на пазарот по името Б.В.-Арал (B.V.-Aral). Рафинериите своето производство постепено го ориентираат кон нафтата.

1952 год:
во поглед на раздружување на Коленвертштоф АГ (Kohlenwertstoff AG), се основа Б.В.-Арал Акционерското Друштво (B.V.-Aral Aktiengesellschaft). Името Арал за прв пат се појавува во описот на фирмата.

4. Осовременување (Facelifting) на бензинските пумпи

Во 50-тите до 70-тите години, развојот на бензиските пумпи со опслужување на купувачите достигна највисока точка. Тоа се покажа во еден нов вид на бензиски пумпи: направени на големо пространство, со опремени, модерни простории за купувачите, покриени направи за нега на возилото и доволно можности за паркирање. После првата криза со бензин во 1973 год., концентрацијата беше насочена кон изградба на високо фреквентни пумпи со голем промет. Кон тоа дојде – предводено од засилениот натпревар на пазарот на бензиски пумпи – типизирање во градбата на бензиските пумпи, кое беше на сметка и на растечкиот бизнис со мини маркети.
Со 80-тите години почна осовременување - “Facelifting” - на бензиските пумпи во модерни бензински станици со една единствена изведбена концепција, усогласена од мислата на марката. Предметната линија на изведување беше започната кон крајот на 80-тите години, со кровна конструкција со стаклени светлосни тунели.
Во 1996 год. Арал воведе нов дизајн на бензиски пумпи со просторна поделба на продавницата од пределот за точење на бензин. Стаклената кровна хауба, испакнатиот карактеристикум, ја зголемуваше поделбата и оптички. Големи прозорски површини служеа за транспарентност.

Историски моменти:

1955 год:
Б.В.-Арал (B.V.-Aral) на пазарот повторно воведува безоловен Супер Бензин, кој што го спречува создавањето на остатоци во моторот. Со тоа претпријатието веќе е доста понапред од времето.

1956-61 год:
мрежата на бензиски пумпи во голема мера се изградува, зголемувајќи се и во европските земји надвор од Германија. Квалитетот на бензините со адитивите, т.е. додатоците за подобрување на квалитетот, континуирано се оптимизира.

1962 год:
со излегувањето на претпријатието од Бензин-Бензол здружението, од името на фирмата отпаѓаат буквите Б.В. (B.V.) Претпијатието сега го носи името Арал Акционерско Друштво (Aral Aktiengesellschaft). Производите, кои се продаваат, со назначување на името Арал, добиваат нови ознаки , како Арал Супер за супер-бензинот и Арал за нормалниот бензин.

1963 год:
се повеќето појавени мотори на новата автомобилска генерација, го бараат нивниот трибут: за да се обезбеди нивната способност на зголемена моќ, Арал супер-бензинот повторно мора да содржи олово.

1967 год:
се утврдуваат нови учеснички односи : 56% на основниот капитал на Арал АД (Aral AG) ги има Веба Оел АД (Veba Oel AG), 28% Мобил Оил АД (Mobil Oil AG), 15% Винтершал АД (Wintershall AG) и 1% останува кај производителите на бензол.

5. Од мини-продавница до Aral-Store

Во 60-тите години, изградбата на бензиските пумпи во сервисни станици отвори нова можност, затоа што сега на возачите им се нудеше повеќе од бензин и масло. Понудата се прошири од додатоци за автомобилот преку цигари, слатки и весници, па се до многу артикли од секојдневна употреба.
Веќе наскоро, постоечките мали продажни простории не можеа да го опфатат проширениот асортиман. Како резултат на тоа, со Мини - Маркетот Арал во 70-тите години изгради, еден, за до тогаш сеуште невидено за бензиски пумпи, нов вид и начин на продажба, во поглед на површината и асортиманот на кој се продаваше.
Од почетокот на 90-тите години, натамошниот развој на продавниците се насочува преку мислата на погодност (Convinience). Овие C-продавници излегувват во пресрет на модерното однесување на купувачите, со тоа што овозможуваат континуирано удобно купување за брзо и лесно конзумирање.
Подеднаквата и пооделната поставеност на местата за полнење бензин, за сервис и за пазарење, денес е типична за големи бензиски пумпи, кои со тоа ги привлекуваат многуте купувачи, кои не полнат бензин, туку одат да купуваат во “Арал” продавница (Aral-Store).

Историски моменти:

1968 год:
мрежата на бензиски пумпи на Арал опфаќа 11.000 станици. Арал почнува своите бензиски пумпи да ги дополнува со понуди на производи и услуги – од нега на автомобилот па се до Мини-маркет.

1969 год:
Арал ја отвора првата бензиска пумпа со самопослужување. Купувачот, кој што самиот полни бензин во своето возило, штеди два фенинзи по литар. Денеска сите пумпи за точење на Арал се префрлени на самопослужување.

1970 год:
доколку досега континуирано растеше бројот на бензиски пумпи, сега заради зголемениот натпревар меѓу цените, доаѓа до намалување на мрежата и концентрација кон продажбата на големите бензиски пумпи.

1971 год:
оптичката појава на претпријатието се преработува. Новите елементи се протегаат од “плаво небо со бели облаци” па се до сопствено Арал писмо.

6. Постојан успех со телевизиски спотови

Од крајот на 80-тите години, Арал засилено беше присутен на телевизијата со рекламни спотови. Најпрвин во преден план стоеја квалитетот и соодветниот производ. На почетокот на 1991 година дојде до едно ново изразување: ветувањето на марката “Квалитет” требаше веродостојно да се пренесе на емоционален и забавен начин. Тоа се постигна во голема мерка со еден апсолутен хит во телевизиската историја на реклами: “Тркачот” со музиката “I’m walking” доби во 1992 и 1993 година повеќе награди за реклама и музика.
После него следеа слични успешни спотови, како “Автошкола” и “Јаже за влечење”. Од спотот на Арал “Headbanger”, кученцето од конзолата на автомобилот за кратко време постигна огромна продажба преку Арал продавниците и интернет.

Историски моменти:

1973 год:
недостигот на нафта заради конфликтот на блискиот исток води до забрани за возење во недела. “Нафтениот шок” го поттикнува Арал да истражува по алтернативни енергии.

1984 год:
Арал, во рамките на воведувањето на возила со катализатор за заштита на човековата околина, на пазарот воведува безоловен нормален бензин и ја пушта во работа првата бензинска пумпа со водород во светот.

1985 год:
исто така во поглед на поголема заштита на човековата околина, кај Арал се воведува Супер безоловен бензин.

1987 год:
за прв пат на Арал бензиските пумпи се прифаќаат кредитни картички. Воведување на адитивирано дизел гориво со името Арал Супер-дизел. Слоганот “Се е супер” го надополнува Арал логото. Тој го заменува слоганот “Арал. Вашиот автомобилски партнер” и ја прави јасна преобразбата кон повеќестрано сервисно претпријатие за автомобилот.

1989 год:
воведување на Арал Супер-плус, безоловен супер бензин со РОЗ 98/МОЗ 88 ( 98 октани).

7. Од пумпаш до раководител на претпријатие

Отсекогаш кај Арал, на услужување на купувачите му се давало големо значење. Со професионализирање на бензиските пумпи во 1930 год., се појави нова професионална слика: обучениот пумпаш, кој што секогаш во Арал, во униформа, пријатно и учтиво ги услужува купувачите. Во 50-тите години, професијата пумпаш беше една модерна, призната животна професија, која што беше неопходна за развојот на стручните бензиски пумпи.
Силното моторизирање во 60-тите и 70-тите години и зголемувањето на купувачите, кои само полнеа бензин, на раководителот на бензиската пумпа не му оставаа време за нега и одржување на возилата. Решението се викаше “Самопослужување”.
Арал реагираше со техничко променување на бензиските пумпи. Веќе во 1981 год., 77 проценти од прометот со бензин беше со самопослужување. Со тоа, пумпашот се повеќе и повеќе и го вртеше грбот на пумпата за точење бензин и стануваше раководител или техничар.
Денес од некогашната професија “пумпаш“, настана специјална професија под групниот назив “поединечен трговец”.
Од 1998 год., на повеќето Арал бензиски пумпи почна вработувањето на лица заради опслужување на купувачите, кои во возниот предел на бензиската пумпа на купувачите им овозможуваат и нудат помош за автомобилот.

Историски моменти:

1990-тите год:
после обединувањето на Германија, Арал гради своја мрежа на бензиски пумпи во новите републики во Германија. Во знакот на матичниот пазарот и на демократската изградба на истокот, Арал одново ги одредува целите во Европа. Како резултат се згуснуваат бензиските пумпи бо Белгија, а во Унгарија, Полска и Чешка се градат бензиски пумпи, а во Холандија се продаваат бензиски пумпи.

1990 год:
воведување на Арал Супер Троник (Aral Super Tronic), потполно синтетичко висококапацитетно моторно масло, за високо развиени мотори.

Од 1995 год:
Арал се развива во еден, според целни групи, структуриран концерн, за уште поиндивидуално да се посвети на различните приватни и индустриски групи на купувачи.

1995 год:
класичниот бизнис на Арал со бензиски пумпи се надополнува со еден нов тип на продавница: со “Convinience Store” со површини на продажба со над 100м2. Се воведува нов изглед (layout) на продавниците, како и проширени асортимани. Претставување на првиот целосно функционален робот за точење бензин за ото и дизел горива.

1996 год:
воведување нов дизајн на бензиски пумпи. Во поголема мерка областа за точење, продавницата и пералната се појавуваат поеднакво еден покрај друг – со посеопфатен сервис и комфорт.

1997 год:
отворање на првата бензиска пумпа на Арал за земјен гас.

1998 год:
Арал-претпријатие со традиција: 100 години Арал, 100 години иновација. Новите вработени во сервисот за опслужување на купувачи, на купувачите им нуди бесплатни помошни информации за се околу возилото, како контрола на маслото, водата и воздухот или чистење на ветробранско стакло. Мрежата на бензиски пумпи на Арал опфаќа 2.418 станици и со тоа е водечки на пазарот.

1998 год:
Арал со www.aral.de оди online. Почеток на една растечка и опфатна понуда на производи, информации и услуги за деловните и приватни купувачи на интернет.

8. Горива на иднината

Кон поглед во иднината не припаѓаат само понатамошни оплеменувања, редукција на емисии и зголемување на капацитите на досегашните горива, туку исто така и развој на алтернативни производи од земјени гасови, односно како наложува пазарот.
Веќе кон средина на 80-тите години, Арал со првата пумпа за водород во светот, со локација во Берлин, во пракса ја тестираше применливоста на погонот на водород и техниката на точење. Врз база на овие вредности, Арал во 1999 год. на аеродромот во Минхен, исто така за прв пат во светот, изгради јавна пумпа за точење на течен водород за автомобили, управувана од робот, и во еден затворен дел, станицата имаше пумпа за точење на компримиран водород за аеродромските автобуси.
Арал исто така зема учество во постапката за избор на гориво на иднината, во рамките на сообраќајно-стопанската стратегија за енергетика, еден сојуз од автомобилска, енергетска и нафтена економија под управување на Сојузната Влада.

Историски моменти:

1999 год:
новите “плави светови” на Арал наоѓаат израз во еден нов модерен настап на марката. Сите области на претпријатието се интегрирани во еден затворен, во себе погоден настап на марката и се врзани во еден јасен идентитет на претпријатието.

1999 год:
отворање на прва јавна пумпа, ширум светот, за точење течен водород, а управувана од робот, на аеродромот во Минхен. Арал ја покажува нејзината водечка улога во технологијата на точење. Арал во голема мерка учествува во дискусијата и процесот за избор на гориво на иднината.

1999 год:
исто така и “конвенционалните” горива се развиваат понатаму. Со новата генерација на адитиви за ото и дизел горива осиромашени од сулфур, мобилноста се прави уште попогодна за човековата околина.

2000 год:
Веба Оел АД (Veba Oel AG) превзема 100% од деловите на претпријатието на Арал АД (Aral AG) и ги прави истите за примарна платформа на продажбата на Веба Оел концернот. Новата ознака на друштвото гласи: “Арал Акционерско Друштво & Цо. КГ” (Aral Aktiengesellschaft & Co. KG). Продолжува усогласувањето на Арал концернот на една холдинг структура. Создавање на нови фирми-ќерки на Арал.

2001 год:
воведување на Арал Супер-плус бензин осиромашен од сулфур. Отворање на првата пумпа за точење на течен земјен гас во Минхен. Воведување на еден подобар и осиромашен од сулфур - и тивок - Арал Супер-дизел квалитет: “ Најтивкиот дизел на светот”.

Од 2002 год:
Арал АД, од 2002 год. делува и работи под чадорот на германскиот БП АД (German BP AG).

 
 
информации каталози производи сертификати фото галерија
 
Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани