информации      |      каталози      |      производи      |      сертификати      |      фото галерија
 
 
Aral Aktiengesellschaft
www.aral.de
 
Дополнителни информации за Aral Lubricants
   
 
Aral & Brabus

Арал & БРАБУС

Врвна техничка соработка помеѓу Арал и Брабус

Фабричка употреба на Арал-ови продукти од Брабус

Технолошко партнерство на Арал и Брабус, две компании познати по високо-квалитетни производи и иновации.
Откако Арал-овите високо-перформансни оперативни течности, заради одобрување од производителот, ги положија бараните и тешки први испитувања, тие мораат континуирано да ги задоволуваат новите технички барања. Секое возило, кое ја напушта фабриката на Брабус, од Ботроп во Германија, содржи продукти на Арал одобрени од производителот – од моторно масло, преку менувачко масло па се до течност за сопирање.

Течност за сопирање за моторспортот од Арал (Aral Racing Brake Fluid)

Сопирања со брзина од 100 км/ч на возило со тежина нешто помалку од 1.8 тона и измерена вредност на забавување помеѓу 9.86 и 10.32 m/s2 и најдобра измерена дистанца на сопирање од околу 36 м.
За да се приспособи оваа високо-развиена технологија, Брабус ексклузивно користи течност за сопирање за моторспорт од Арал (Aral Racing Brake Fluid) во нивниот високо-перформансен сопирачки систем.
Оваа високо-технолошка (hi-tech) течност за сопирање доаѓа од секојдневието на моторспортот и беше понатаму подобрено во соработка со Брабус.
Со екстремно висока точка на вриење од преку 3000 С, оваа течност за сопирање понатаму ја оптимизира способноста на реакција на сопирачкиот систем.

Други продукти кои се користат во фабриката на Брабус вклучуваат:

 

 

  • Арал менувачки масла (Aral Transmission Fluids)
  • Арал моторни масла (Aral Engine Oils)
  • Арал масти (Aral Greases)
  • Арал течност за разладување (Aral Easy Freeze Radiator Coolants)
  • Арал течност за чистење на ветробранско стакло (Aral ScreenCleaner Windshield Cleaner)
  • Арал погонско гориво – бензин и дизел (Aral Ultimate and Aral Ultimate Diesel)

    Арал моторни масла (Aral Engine Oils)

    Aral Super Tronic 0W-40
    Арал Супер Троник 0W-40 е потполно синтетичко моторно масло од актуелната технологија. Инжинерите, во многу бројните извршени тестови, го испитуваа потенцијалот на маслото во ефективните преработени мотори на БРАБУС (BRABUS) со еден обртен момент од се до 715 Nm. Арал Супер Троник 0W-40 со тоа ја докажа својата екстремна работна стабилност и ефективност низ целиот временски период на примена и кај БРАБУС-овите високо-ефективни мотори од најновата технологија.

    Aral Blue Tronic 10W-40
    Ова моторно масло изградено со Арал-синтетичка-технологија е погодно и одобрено од повеќето сериски мотори на патнички возила. Во извршените тестови во БРАБУС-овите мотори и овој производ можеше да убеди со својот добар однос на цена-квалитет. Но пред се се употребува како фабричко задвижувачко масло. По изминати околу 1.000 км ова моторно масло треба да се промени со Арал Супер Троник, за да импозантните моторни ефективности добијат соодветен партнер во моторно масло. Соодветно упатство се наоѓа во возилата.

    Препорака

    Знаењето добиено од извршените испитувања во Брабус е пример за успешно технолошко партнерство помеѓу Брабус и Арал. Производите на Арал беа темелно испитувани и одобрени од инжинерите на Брабус. Тие ги исполнуваат екстремно високите барања на високо-перформансните мотори и сопирачки инсталирани во возилата на Брабус. Брабус изричито препорачува користење на производите од Арал кои се наведени горе.

     

     

     

     

  •  
     
    информации каталози производи сертификати фото галерија
     
    Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани