информации      |      каталози      |      производи      |      сертификати      |      фото галерија
 
 
Моторни масла за патнички возила
Моторни масла за комерцијални возила
Масла за моторцикли
Масла за менувачи за патнички возила
Менувачки масла за комерцијални возила
Масти
Средство за разладување (антифриз)
Средство за чистење ветробранско стакло
Течности за сопирање
Дополнителни производи
Индустриски Масла и Мазива
   
Арал Врвни Производи

Зошто врвни производи? Кои моторни масла ни требаат?

Со разликување на барањата на моторни масла према нивното задвижувачко однесување (стабилност) при високи температури, настана една нова ознака-величина за ефективност на моторните масла – односно High Temperature High Shear (HTHS). Оваа ознака има големо значење за карактеристиката на моторното масло – заштеда на гориво.
Бидејќи за ова производителите на возила имаат различно размислување, дали едно масло треба да биде со HTHS-вредност над или под граница од 3,5, а пак двете својства не можат да бидат покриени и исполнети со едно моторно масло, значи дека повеќе производи треба да ги покријат барањата на производителите на возила.
Према тоа, повеќе од потребно е во областа на високо-ефективни и квалитетни масла да се понудат повеќе производи.

Спремни за во иднина: технологијата на Арал (Aral Low SAPS-Technology или ALST).

На мотори, кои ги исполнуваат новите издувните норми (Euro 4 и Euro 5) и се опремени со систем за подоцнежно третирање на издувните гасови (на пр. филтер за дизел-честички или Diesel Partikel Filtern), им се потребни моторни масла со далеку развиени и ефикасни адитиви.

Иновативната технологијата на Арал (Aral Low SAPS-Technology) ги исполнува овие барања и ги убедува своите клиенти преку своите моторните масла со вреднуваниот Арал-квалитет со:
  • зголемена сигурност за моторот и филтерот,
  • заштеда на гориво,
  • чување на околина.


  • Филтерите за дизел-честички можат да се затнат преку согорливи остатоци како саѓа и метален пепел. Моторните масла со Aral Low SAPS-Technology содржат убедливо најмала концентрација на адитиви, кои би создале пепел. Овие моторни масла дозволуваат едно максимално искористување на фиксен и флексибилен интервал на промена на масло и ја оптимизираат функцијата и работниот век на филтерот за дизел-честички.

    Со скоро ново воведените топ-моторни масла Aral Super Tronic LongLife III, Aral Super Tronic E, Aral Super Tronic G, Aral High Tronic C и докажаниот врвен производ Aral Super Tronic, Вие цврсто во рака ќе ги држите барањата на производителите.
     
    Преглед на врвни производи:

  • Aral SuperTronic SAE 0W-40
  • Aral SuperTronic LongLife III SAE 5W-30
  • Aral SuperTronic G SAE 0W-30
  • Aral SuperTronic E SAE 0W-30
  • Aral HighTronic SAE 5W-40
  • Aral HighTronic C SAE 5W-30
  • Aral HighTronic F SAE 5W-30
  •  
    Aral SuperTronic SAE 0W-40
    Потполно синтетичко високо-квалитетно моторно масло со високи перформанси од најнова технологија за бензински и дизел патнички возила со или без филтер за честички од дизел (diesel particle filter).
  • Одобрено од многу производители на возила (OEM)
  • Aral Low SAPS-технологија за максимален работен век на дизел-филтер за честички (diesel particle filter)
  • Голем потенцијал за долготрајна употреба
  • Подобрен и апсолутен врвен квалитет
  • Го заштитува моторот за време на продолжен интервал на промена на масло
  • Висока заштеда на гориво, во ладни услови до 10%, просечно околу 3%, и намалена емисија на издувни гасови
  • HTHS ≥ 3,5 mPa*s
  •  
    Aral SuperTronic LongLife III SAE 5W-30
    Специјално високо-перформансно моторно масло скоро за сите патнички возила* од VW-групација (VW, Audi, SEAT, Skoda), развиено врз база на Aral Low SAPS-технологија.
  • За патнички возила со бензински и дизел мотори
  • Исполнува висока заштита
  • Aral Low SAPS-технологија за максимален работен век на дизел-филтер за честички
  • За патнички возила со или без LongLife сервис
  • Допринос за околината преку намалување на потрошувачка на гориво и издувни гасови
  •  
    Aral SuperTronic G SAE 0W-30
    Потполно синтетичко високо-квалитетно моторно масло со високи перформанси спец ијално концепирано за патнички возила од Mercedes-Benz, BMW и GM / Opel.
  • За патнички возила со бензински и дизел мотори
  • Супериорна заштита на моторот
  • Моторно масло со заштеда на гориво за постигнување на долги интервали на промена на масло со флексибилни периоди на одржување
  • Намалува консумација на гориво и масло
  • HTHS = 3,5 mPa*s
  •  
    Aral SuperTronic E SAE 0W-30
    Високо-перформансно моторно масло базирано врз база на Арал-синтетичка-технологија.
  • За патнички возила со бензински и дизел мотори, кои бараат моторни масла со ACEA A5 или B5, односно за Volvo, Honda и Renault
  • За долги интервали на промена на масло за некои модели на Volvo
  • Исклучиво употреба во специфични мотори со HTHS од 3.0
  •  
    Aral HighTronic SAE 5W-40
    Високо-перформансно моторно масло од врвна класа базирано на Арал-синтетичка-технологија со потенцијал за долги интервали за патнички возила со 4-тактни- бензински и дизел мотори (и за мотори со турбо- и директно вшприцување).
  • За патнички возила со бензински и дизел мотори
  • Големи резерви во моторот за долги интервали на промена на масло и мало додавање
  • Бенефит за околината преку намалување на потрошувачка на гориво и издувни гасови
  • Нуди апсолутна сигурност на подмачкување и при високи температури
  • Брз проток на маслото при ладно стартување на моторот
  •  
    Aral HighTronic C SAE 5W-30
    Високо-перформансно моторно масло базирано врз база на Арал-синтетичка-технологија.
  • Специјално развиено за возила со дизел-филтер за честички кои бараат моторно масло со норма ACEA C1
  • Со Aral Low SAPS-технологија за максимален работен век на дизел-филтерот за честички
  •  
    Aral HighTronic F SAE 5W-30
    Високо-перформансно моторно масло базирано врз база на Арал-синтетичка-технологија специјално развиено за патнички возила од Ford, Chrysler и Land Rover.
  • За патнички возила со бензински и дизел мотори
  • Заштеда на гориво и заштита на околина
  • Добра трајност на маслен филм
  • Оптимална стабилност на вискозитет (HTHS< 3,5 mPa*s)
  •  
     
    Фирмата - производител го задржува правото на промена на техничките податоци и одобренија заради понатамошен развој на производот и производството.
     
     
     
    информации каталози производи сертификати фото галерија
     
    Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани