Санимпекс – ова име со години стои за предводник на застапништво, увоз, продажба и дистрибуција на квалитетни производи на масла и мазива за автомобили и индустрија.

Основано во 1994 год. како приватно и независно претпријатие со цел продажба на моторни и индустриски масла и мазива, Санимпекс д.о.о. веќе повеќе од 15 год. се етаблира како успешно претпријатие препознатливо кај клиентите и потрошувачите на македонскиот пазар.
Преку своето скоро дводецениско делување, Санимпекс на своите ценети клиенти и крајни потрошувачи им нуди високо-квалитетни и светски познати производи на масла и мазива сертифицирани према меѓународни норми како за патнички возила, за лесно доставни и тешки комерцијални возила, за моторцикли, така и за градежни и земјоделски агрегати и индустриски цели.
Претпријатието во овие петнаесет години, преку својата работна поставеност за продажба и директна комуникација со клиентите, има развиено продажно-дистрибутивна мрежа скоро во секој град во државава, со директно и сопствено опслужување на нашите клиенти меѓу кои се: овластени и независни сервиси за патнички, комерцијални возила и моторцикли, продавници за резервни делови, транспортни и шпедитерски претпријатија со свој возен парк, дистрибутивни и услужни претпријатија со свој возен парк како и градежни и индустриски претпријатија.

Наши корпоративни начела се:

ВИЗИЈА
Со нашето ангажирање, знаење и услуги сакаме целосно да ги задоволиме и корпоративно да ги покриеме нашите и идните клиенти и крајни корисници на домашниот пазар. За нашите клиенти Ќе настојуваме да бидеме атрактивен и конкурентен партнер за мазива.

КЛИЕНТИ
Потполното запазување на барањата на нашите клиенти е од суштинско значење за целосен успех. Секој клиент е индивидуа, чија доверба, респект и почит мора да ја заработиме со грижлива и совесна работа.

УСЛУГА
Со нашата посветена и советодавна услуга ја придобиваме довербата на клиентот и со тоа го зголемуваме продажниот потенцијал.

ЗАДОВОЛСТВО ПРИ РАБОТЕЊЕТО
Секоја нова задача ја совладуваме со задоволство и ентузијазам. Клиентите и крајните потрошувачи ги третираме со голема учтивост и потребна почит.

НАШИ КОРПОРАТИВНИ ЦЕЛИ
Ние одржуваме добри односи со нашите постоечки клиенти и се концентрираме на развивање и отворање на нови пазари и клиенти. Во последниве години, значителен напор е посветен на отворање на пазар надвор од нашите граници и воспоставување на трговски и партнерски односи со земји од поранешна Југославија и Европска Унија. Нашите трговци и застапници ги гледаме како стратегиски партнери и следствено на тоа се грижиме за обострана доверба и респект.

ШТО НУДИМЕ НИЕ?
Една сеопфатна стандардна програма на мазива и масла, како и посебни реШенија, со висок квалитет на производи и советување за фер и коректни цени. Оптимално време на достава и термински навремена испорака. Високо ниво на квалитет на нашите производи, како и фер и долгогодишна соработка со клиенти, добавувачи и соработници.
 
 
Санимпекс - Изработка 2010. Сите права се задржани