Loading...

За нас

Како еден од најголемите големо-трговски фирми во Македонија, претпријатието Санимпекс дооел располага со преку 30 годишно искуство на застапување, увоз, ре-извоз, продажба и дистрибуција на моторни- и индустриски масла и мазива.


Во целиот изминат период на делување, али и во иднина, се раководиме со една единствена цел: да овозможиме и понудиме продукти и услуги со квалитет: и тоа со Сигурност.


Како брз, сериозен и доверлив партнер за масла и мазива, на нашите клиенти им нудиме една широка палета на оригинални- и ОЕМ производи од производители на брендирани- и ОЕМ масла, мазива и погонски средства за многубројни области на употреба и барања.

 


Асортиман и Партнери 

 

Санимпекс Ви нуди скоро целосна листа на асортиман на продукти од брендирани- и ОЕМ масла, мазива и погонски средства од скоро сите најважни светски производители. Со тоа се овозможува, да ги нарачате и добиете бараните производи од едно место.
Листа на расположливи марки на масла и мазива се наведени подолу.

Ние, како Ваш партнер за масла и мазива, Ви овозможуваме понуда и асортиман подеднакво и на високо-квалитетни така и на поволни масла за аутомотив- и индустриски клиенти, како и за други деловни и трговски субјекти.

 

Како искусен и сериозен партнер, нудиме обемен и сеопфатен асортиман на понуда на моторни масла и мазива почнувајќи за патнички возила, теретни возила, моторцикли, земјоделски уреди и агрегати, градежни возила и машини, па се до разни индустриски масла и мазива, кое опфаќа повеќе од 30 светски реномирани марки на масла и мазива, за различни области на употреба и барања. Одберете го Вашиот производ и пратете го Вашиот упит-барање, а ние ќе се погрижиме, во најкус можен рок, да ја добиете нашата понуда.

 

Продукт-портфолио


За секоја намена, за секое барање: 
Нашиот асортиман на понуда опфаќа широка палета на продукти почнувајќи од минерални-, синтетички- и целосно синтетички масла за патнички програм од различен вискозитет, минерални-, синтетички- и целосно синтетички масла за теретен програм од различен вискозитет, масла за моторцикли (четворо- и двотактни масла) од различен вискозитет, масла за земјоделски машини и агрегати, градежни возила и машини, АТФ- и менувачки масла за патнички и теретен програм од различен вискозитет, антифриз, зимско/летно средство за ветробранско стакло, средства за одржување и заштита на моторцикли, на патнички- и на теретен програм, моноградни масла, специјалитети за моторцикли и патнички возила, мултифункционални масти за моторцикли и патнички програм, масла за марина, градинарски масла, па се до масла за индустриски цели како: менувачки масла, хидраулични масла, компресорски масла, турбински масла, циркулаторни масла, масла за гасни мотори, металопреработувачки масла, топло-проводни течности, масла за подмачкување на синџири, индустриски масти и пасти, индустриски специјални масла и спрејови, мултифункционални масла, прозводи за заштита од корозија и многу други продукти за различни индустриски гранки и цели, со кое се осигурува, дека скоро секое Ваше барање за потребното масло ќе може да биде обезбедено и набавено од едно место.


Ваша предност кај нас

• Сите марки на масла и мазива од едно место
• Високо-квалитетен асортиман и препознатливи партнери
• Голем избор и брза можност за информација
• Долгорочно искуство со Аутомотив- и Индустриски масла
• Брза необврзувачка понуда
• Едноставен процес на набавка
• Заштеда на време преку достава на упит и процес на набавка од едно место
• Редуцирање на грешки преку голем избор од едно место


Профитирајте како клиент од овие посебни предности.

Со кого соработуваме

НАШИ ПАРТНЕРИ

AMBRA
ARAL
BASF
BMW OEM
BP
CASTROL
CASTROL INDUSTRIAL
CASTROL PROFESSIONAL
ELF
FORD OEM
GM
LIQUI MOLY
MB OEM
MOBIL INDUSTRIAL
MOBIL
MOTUL
PETRONAS ARBOR
PETRONAS URANIA
PETRONAS
SELENIA
SHELL
SHELL INDUSTRIAL
SHELL PROFESSIONAL
TOTAL
TOTAL INDUSTRIAL
VAG OEM
ZF