Loading...

Разновиден и правилен избор на масло за секоја потреба 


Дали моторни масла, индустриски масла, менувачки масла, хидраулични масла, масти или земјоделски масла... – кај Санимпекс ќе го најдете секогаш правилниот избор на масла и мазива.  
Нашиот асортиман на понуда опфаќа минерални масла, полусинтетички-  и целосно синтетички масла како и други мазива од производители на светски познати марки на масла и мазива, како и масла и мазива од производители на автомобили (ОЕМ масла) – и тоа во одличен сооднос на цена со перформанси. Како доверлив и сигурен партнер, ние се насочуваме кон долгорочна соработка и партнерство со нашите клиенти и добавувачи. На тој начин можеме секојдневно да ја подобруваме нашата позиција на пазарот. 
Од нашиот логистички центар во Скопје секојдневно се испорачуваат бараните производи кон нашите клиенти на секаков начин.

 

 


Разновидност на марки и брендови на масла по праведни цени 


Доколку се работи или сте заинтересирани за висококвалитетни моторни масла и мазива, тогаш профитирајте од нашата разновидност на светски познати марки на масла и мазива. Како Мулти-Бренд добавувач имаме за Вас повеќе од 30 марки на масла и мазива во понуда, како што се: Амбра, Арал, БАСФ, БМВ ОЕМ Масла, БП, Кастрол, Кастрол Индустрија, Кастрол Професионал, Кастрол Рено, Елф, Форд ОЕМ Масла, Ликви Моли, Мерцедес ОЕМ Масла, Мобил, Мобил Индустрија, Мотул, ГМ, Шел, Шел Професионал, Шел Индустрија, Тотал, Тотал Индустрија, Петронас, Петронас Уранија, Селенија, Фолксваген ОЕМ Масла, ЗФ и многу други.


Почнувајќи за патнички возила, теретни возила, моторцикли, земјоделски уреди, градежни возила и машини, па се до разни индустриски масла и мазива,  нудиме обемен и сеопфатен асортиман на понуда на моторни масла и мазива – и тоа по праведни цени.

Дали на домашниот пазар или пак било каде надвор од нашите граници, името САНИМПЕКС стои повеќе од 30 години кај нашите клиенти за добавувач на исклучиво квалитетни производи по праведни цени. Како Ваш сигурен Мулти Бренд добавувач, профитирајте од нашата разновидност на реномирани светски марки на масла и мазива. 

За сите други информации, детали, продажни услови и сите други марки, кои не се објавени а сме во можност да ги понудиме, Ве молиме да не контактирате преку Контакт-Порталот