Loading...

Високо-технолошки индустриски масла и мазива за Вас за секоја намена и потреба. 
Со Санимпекс.

 

Врз основа на нашето долгогодишно работно искуство со Аутомотив- и Индустриски масла и мазива, ние сме во можност да Ви понудиме широка палета на асортиман на реномирани и светски признати марки на високо-технолошки индустриски масла, индустриски менувачки масла, индустриски масти и мазива за сите индустриски гранки и области на намена и барања. 

 

На вас Ви треба некоја позната марка на индустриски масла, една атрактивна понуда и доверлива испорака? Врз основа на нашата широка и разноврсна понуда на реномирани индустриски масла, ние сме Вашиот партнер за тоа. 

 

Опсегот на асортиман на понуда на индустриски масла опфаќа од менувачки масла, хидраулични масла, компресорски масла, турбински масла, трансформаторски масла, циркулаторни масла, масла за гасни мотори, металопреработувачки масла, топло-проводни течности, разладни масла, масла за подмачкување на синџири, индустриски масти и пасти, тешко запаливи хидраулични течности, бели масла, мултифункционални масла, прозводи за заштита од корозија па се до индустриски специјални масла и спрејови. Со ова наше сеопфатно продукт-портфолио на индустриски масла и мазива ги покриваме сите области и гранки на индустриски потреби и цели.

 

 

Подмачкувајте и заштитете ги Вашите машини, уреди и агрегати само со најмодерните и најдобрите високотехнолошки развиени индустриски масла од реномирани марки. 
Со Санимпекс.


 

За сите други дополнителни информации, детали, барања и продажни услови за индустриски масла и мазива, Ве молиме да не контактирате преку Контакт-Порталот.