Loading...

АРАЛ е германски синоним за висококвалитетни и премиум моторни масла и горива. Поради оваа причина, многу производители на автомобили ги препорачуваат нивните масла како прв избор за нивниот автомобилски бренд.


Со генерации и години наназад, Марката АРАЛ развива врвни производи за најдобра можна заштита на Вашите машини, агрегати и уреди, со кое ќе можете и во иднина да сметате, дека квалитетот и сигурноста на маслата од  Арал ќе останат на премиум ниво. 

 

 

Затоа, Санимпекс, со големо задоволство, веќе преку 25 години врши увоз, продажба и дистрибуција на Арал производи на наши долгорочни и задоволни клиенти. 
Производниот асортиман на Арал ја покрива целокупната потреба од подмачкување на патнички возила, преку теретни возила па се до градежни- и земјоделски машини и агрегати.

 

Производите на Арал нудат за секоја намена точно и оптимално исбалансирано масло за моторот и менувачот. Истотака, мастите и специјалитетите ги исполнуваат разноврсните барања – исто и за индустриски цели.
За да Вашите возила се тркалаат лесно, Санимпекс Ви нуди широка палета на моторни масла за патнички и теретен програм во различни пакувања од 1л, 4л, 20л, 60л и 208л. пакување, со постојан и широк асортиман на лагер.
Маслата на Арал со ознака на формула на екстра заштита на моторот Ви овозможува да го одржува чист моторот на Вашето возило и се грижи за подолг век на траење на моторот. Други битни карактеристики на оваа формула се: 

• Минимум 20% помалку таложење
• Значајно се подобрува заштитата на критичните моторни делови
• Заштита од стареење на маслото
• Помало здебелување на маслото

 

За сите други дополнителни информации и детали за производите од Арал, други пакувања и продажни услови, Ве молиме да не контактирате преку Контакт-Порталот.